Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Недановски останува во Вардар

Недановски останува во Вардар

Левото крило на Вардар, Владо Недановски останува “црвено – црн”. Недановски потпиша нов едногодишен договор со најдобриот тим во Европа.

Ова значи дека Вардар нема намера да бара ново лево крило ова лето. И следната сезона македонскиот играч ќе му биде замена на Тимур Дибиров. Недановски веќе десет сезони е во Вардар, од летово ќе започне и неговата единаесетта сезона.