Ракометниот клуб Вардар продолжува активно да се засилува во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
Клубот потврди дека го договориле играчот на ППД Загреб, се работи за Анте Гаџа. Средниот бек имаше важечки договор со „плинарите“ до 2021, но сепак новото раководство на црвено-црните настојуваше да го донесе во своите редови. Гаџа во Загреб дојде од екипата на Нексе и беше главен организатор во играта на хрватскиот Шампион, за кој постигна и 40 голови во Лигата на Шампионите. Според информациите ќе биде потпишан договор на една сезона, со можност истиот да биде продолжен во зависност од игрите на хрватскиот интернационалец.
Со донесувањето на Гаџа, Вардар реши една дилема, што се однесува до позицијата среден бек, а следното засилување треба да доаѓа на десната бековска позиција. Вардар досега се засили со Јагуриновски, Санталов, Кантегрел, Талески и Георгиевски