Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кој ќе биде новиот капитен на РК Вардар, Стоилов или Дибиров !?
Кој ќе биде новиот капитен на РК Вардар, Стоилов или Дибиров !?

Кој ќе биде новиот капитен на РК Вардар, Стоилов или Дибиров !?

РК Вардар утре стартува со подготовките за престојната сезона. Нашиот тим утре ќе го има официјално првиот тренинг по подолга пауза. По заминувањето на нашиот капитен Филип Лазаров во Романија, јасно станува дека РК Вардар ќе добие нов капитен и предводник на екипата во новата сезона.

Според нашите прогнози и информации, најблиску во новата сезона да ги предводи Вардарци со капитенската лента околу својата рака е, миленикот на вардаровата публика и член на македонската репрезентација во ракомет, Стојанче Стоилов. Кружниот напаѓач на Вардар, дали ќе ја превземе оваа одговорност да биде нов капитен на ”црвено – црните” или пак ќе биде некој друг, ќе дознаеме многу брзо.