Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > МРТ-3 со нов меч на Вардар, погледнете ја гостинската победа против Мотор Запорожје
МРТ-3 со нов меч на Вардар, погледнете ја гостинската победа против Мотор Запорожје

МРТ-3 со нов меч на Вардар, погледнете ја гостинската победа против Мотор Запорожје

Во период кога нема спортски натпревари, каналот МРТ-3 продолжува со емитување на стари спортски настани.

Денес со почеток од 16:00 часот на овој канал ќе можете да проследите уште еден дуел на Европскиот ракометен Шампион од оваа натпреварувачка сезона. Се работи за мечот на Вардар одигран на гостински терен против екипата на Мотор Запорожје. Тоа беше меч од 3.коло во најсилната група Б, кој им припадна на црвено-црните, кои славеа со резултат 30:31.

Оние кои нема да бидат во можност да го погледнат дуелот во споменатиот термин, истиот ќе се пренесува точно на полноќ.