Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Официјално: Калараш една година во Вардар!
Официјално: Калараш една година во Вардар!

Официјално: Калараш една година во Вардар!

Официјално: Оваа сезона нов член на Вардар ќе биде рускиот репрезентативец Глеб Калараш (27 години).

Калараш потпиша договор со важност од една година и како што Ве информиравме пред два часа, Русинот ќе биде присутен на денешниот тренинг кој започнува во 18.00 часот. Исто така тој ќе биде и меѓу патниците на турнирот во Стразбург, на кој Вардар ќе отпатува во четврток. Следниот ден ги започнуваме настапите на турнирот, со дуел против ПСЖ.

Во клупската кариера Калараш во Русија настапувал за вториот тим на Чеховски Медведи и за екипата на Нева од Санк Петербург во периодот од 2013 до 2015 година. Во тој период освоил сребро и бронза во првенството на Русија.

Во сезоната 2014/2015 бил прогласен за најдобар пивотмен во Русија.

Добредојде за Глеб Калараш!