Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Продолжи победничката серија за РК Вардар во Супер Лигата
Продолжи победничката серија за РК Вардар во Супер Лигата

Продолжи победничката серија за РК Вардар во Супер Лигата

Вардарци ја продолжија победничката серија и во Плеј-Офот на ракометната Супер Лига. Попладнево, Вардар гостуваше во Битола, каде забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 18:25.

Немавме некои поголеми проблеми околу обезбедување на победата, со оглед дека во текот на целиот натпревар бевме во предност. Во еден дел од првото полувреме се стекнавме со висока предност од седум гола разлика, иако на полувреме домашниот тим намали на 7:12, резултат со кој се замина на одмор.

Избраниците на Недановски имаа контрола на резултатот и во вториот дел од натпреварот, во кој поведоа и со девет гола разлика. На моменти, екипата од Битола смалуваше на шест гола, но сепак немаше сили за некои поголеми возбудувања. На крајот Вардар оствари победа со резултат 18:25.

Манасков беше убедливо најдобар стрелец на натпреварот, постигнувајќи 13 голови, кај се истакнаа уште и Јагуриноски со 4 и Талески со 3 гола.