Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од 2020 година, ЛШ ќе брои само 16 екипи, ќе биде формирана и Европска Лига
Од 2020 година, ЛШ ќе брои само 16 екипи, ќе биде формирана и Европска Лига

Од 2020 година, ЛШ ќе брои само 16 екипи, ќе биде формирана и Европска Лига

Од сезоната 2020/21 ќе има значителни промени во ракометната Лига на Шампиони. На денешниот состанот на Европската ракометна федерација во Париз е решено од 2020 година во машката Лига на Шампиони да се натпреваруваат само 16 екипи, кои би биле поделени во две групи од по 8 екипи. Двете првопласирани екипи од групите би обезбедиле директен пласман во четвртфиналето, а екипите кои ќе завршат од 3-6 место во двете групи ќе мораат преку елиминациска рунда да се борат за пласман во најдобрите осум екипи. Новина е тоа што сите мечеви во најголемото натпреварување би се играле во среда и четврток, а не најчесто преку викендите, како што е случај во изминативе години.

За послабо рангираните екипи ќе се формира Европска Лига, во која би се натпреварувале вкупно 24 екипи, кои би биле поделени во четири групи. Во оваа лига исто така ќе има завршен турнир на најдобрите четири екипи, кои би се бореле за трофејот.