Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ракометното “Ел Класико“ во Палау Блауграна, Барса и Вардар во нова “епска битка“
Ракометното “Ел Класико“ во Палау Блауграна, Барса и Вардар во нова “епска битка“

Ракометното “Ел Класико“ во Палау Блауграна, Барса и Вардар во нова “епска битка“

Ракометното “Ел класико“ ќе се одигра вечерва со почеток од 18:00 часот во арената “Палау Блауграна“, помеѓу екипите на Барселона и Вардар. Ова ќе биде нивно трето соочување, ако може да се каже во текот на оваа натпреварувачка сезона. Првото беше во рамките на “Супер Глоуб Купот“ или неофицијалното светско првенство, на кое славеше шампионот на Шпанија. Вториот нивни дуел, беше во рамките на петтото коло од најсилната група А, кога Вардар пред својата публика ја совлада Барса (27:24).

Вардар е во многу поповолна ситуација, во пресрет на овој меч, поради тоа што се наоѓа на првото место на табелата, кое нема да го загуби доколу и го загуби вечерашниот натпревар. Таков не е случајот со каталонците, каде во случај на нов неуспех, ќе значи и откажување во борбата за втората позиција на табелата, а тешко до крајот ќе биде да се стигне и до третото место. Противничкиот тренер, Чави Пасквал е на слатки “маки“ околу составување на екипата за дуелот со Европскиот шампион. Знаевме дека од претходно на повреди се жалеа неколку играчи, од кои дел се повредија додека настапуваа за каталонците, додека дел од нив се здобија со повреди, настапувајќи за своите селекции на ЕП. Таков беше случајот со Доленец, Дика Мем, Нгесан, Гонзало Перез де Варгас и Жалус. Сепак тие успеаа да се вратат на првенствениот меч во Асобал лигата и се очекува да се најдат во составот за дуелот со Вардар, додека дефинитивно на Барса нема да биде во можност да и помогне последното и најново засилување, исланѓанецот, Арон Палмарсон кој заработи повреда на мускулот, на дуелот со Хуеска одигран во средата.

Тренерот Гонзалес треба да излезе со најсилниот состав вечерва, со оглед дека на располагање ќе ги има Борозан, Абутовиќ и Чупиќ, кои не настапија на двата меча од СЕХА-лигата, а првите двајца не  беа дел од своите репрезентации на ЕП. Со другите ракометарки се е во ред и тие се максимално подготвени за овој предизвик, да останеме непоразени и после ова тешко гостување, во арената каде противниците тешко освојуваат бодови.  Најефикасен играч кај Барса е Дика Мем, додека втор на оваа листа е крилото Ривера. Најголем адут на црвено-црните е сигурно моменталниот најдобриот голман во Европа, Арпад Штербик.

Барселона во својот состав ги има шпанските репрезентативци, Морос, Ривера, Перез де Варгас, Ентрериос и Арино, додека Вардар ги има “златните“ Кањелас и Штербик, сите заедно освоија прво место на ЕП во Хрватска.  Овој натпревар има значење и за Македа и Кањелас, кои после повеќе од десет години се враќаат во арената, каде настапуваа за екипата на Барселона. Сепак нема место за емоции, работите се оставаат на страна и сите мисли ќе бидат насочени на денешниот меч и како да се освојат бодовите. Директен пренос од мечот можете да проследите на МРТ-1.