Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо и Дибиров: Нема да биде лесно, но ние сакаме да победиме
Парондо и Дибиров: Нема да биде лесно, но ние сакаме да победиме

Парондо и Дибиров: Нема да биде лесно, но ние сакаме да победиме

 Денес со почеток од 17:30 часот, екипата на Вардар ги продолжува настапите во СЕХА-лигата. После првиот пораз оваа сезона во ЛШ од тимот на Киелце, денес црвено-црните гостуваат на ППД Загреб. Во пресрет на денешниот натпревар, левото крило на Вардар, Тимур Дибиров истакна дека никогаш не било лесно да се совлада Загреб на негов терен.

-Никогаш не сме минувале лесно во Загреб. Дури и минатата година кога доминиравме, ги совладавме само со еден гол разлика, а очекувам така да биде и сега. Фактот дека го совладаа Флензбург, а потоа освоија и бод против Скјерн на гости доволно зборува за нивните квалитети. Нема да биде лесно, но ние се стремиме на победа, а за тоа покрај добри перформанси, ќе ни биде потребно и малку среќа.

Тренерот на Вардарци, Гарсија Парондо имаше пофалби за тимот на Загреб, истакнувајќи дека тоа е тим составен од млади и искусни играчи.

-Ќе играме во Загреб само два дена по натпреварот со Киелце, што значи дека дефинитивно нема да можеме целосно да се опоравиме од тој дуел. Загреб, исто така, се натпреваруваат во Лигата на Шампионите, каде што веќе покажаа некои солидни мечеви оваа сезона. Тие имаат  спој на искусни и млади играчи и нема да биде лесно, посебно кога играат на домашен терен. Тие играат неколку различни одбрани и сакаат да напаѓаат без голман, па ќе мораме да одиграме најдобро што можеме за да постигнеме добар резултат.