После синоќешната победа против Монпелје, вардарци се упатија за Хрватска каде утре ги очекува натпревар од СЕХА-лигата против екипата на Нексе. Нема многу време и одмор за црвено-црните, кои играат „пеколно“ темпо на натпревари во месец февруари.
Нексе е наш должник од првиот натпревар во Скопје, кој го доби во своја корист, па црвено-црните сигурно дека ќе се обидат да вратат на ист начин и да ја остварат втората победа во ЛШ. Какви се очекувањата од утрешниот натпревар со Нексе можете да прочитате од изјавите на Давид Дејвис и Мартин Карапалевски.
-Очекувам тежок натпревар во Нашице. Игравме против Монпелје во Лигата на шампиони и имаме долг пат од Франција до Нашице. Ќе ни треба малку време и за одмор. Имавме тежок меч со многу притисок. Морам прво да видам која ќе бида најдобрата ротација на играчи. Игравме против Нексе веќе во Скопје, но тие имаа доволно време за одмор и подготовка. Ќе видам како ќе функционира екипата. Победата против Монпелје беше добра за тимот. Сите веруваат во системот. Ќе направиме се што можеме. Мора да бидеме дисциплинирани и да одиграме најдобро, изјави Дејвис.
Карапалевски одигра одлично во победата против Монпелје, па повторно се очекува да биде прв избор на средната бековска позиција.
-Нексе е одличен тим кој игра цврст во одбраната и ќе биде тешко гостување затоа што имаме малку време да се подготвиме и да ги поправиме грешките од Скопје, но секако ќе одиме на победа. Одигравме тежок меч во Франција и мора да продолжиме со игра на високо ниво“, истакна Карапалевски.