Saturday ,19 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гаџа: Подготвени сме за Загреб, се надеваме на победа

Гаџа: Подготвени сме за Загреб, се надеваме на победа

Вардарци го играат првиот натпревар од 1/4 финалето во СЕХА-лигата. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на ППД Загреб.

Каков натпревар не очекува можете да прочитате од изјавата на Анте Гаџа.

-Не очекува првиот натпревар во четвртфиналето на СЕХА лигата со Загреб. Мислам дека противникот нѝ е добро познат, се познаваме меѓу себе. Овој дуел доаѓа во незгодно време, доста рано во сезоната. Сепак, ние ќе бидеме спремни и се надевам дека ќе славиме. Сакаме со што е можно подобар резултат да одиме во Загреб. Клучни ќе бидат одбраната и голманите, а невоиграноста треба да ја покриеме со агресивност во одбраната. Со сигурност слично ќе биде и кај нив, па на тој начин ќе се обидат да слават. Се надевам нема да го дозволиме тоа.

Натпреварот стартува од 20:15 часот со директен пренос на МТВ-3.