Вечерва во С.Ц. Борис Трајковски се игра градското ракометно дерби, помеѓу екипите на Металург и Вардар, во рамките на 10.коло од СЕХА-лигата. Ова е првиот од серијата четири натпревари, кои црвено-црните треба да ги одиграат во наредните 12 дена во истово натпреварувања. Во пресрет на вечерашниот дуел своите очекувања ги сподели Гарсија Парондо кој го изјави следново:
-Секогаш кога играме со Металург може да се случи нешто неочекувано бидејќи тоа се дерби средби. Тоа се два тима кои се големи ривали и сите знаат дека тоа е повеќе од обичен натпревар. Очекуваме добра атмосфера и верувам и гледачите ќе уживаат во мечот. Според мене најважно е Скопје да има два навистина добри клуба.
Кристопанс се наоѓа во одлична форма, па очекуваме дека и вечерва ќе биде меѓу најдобрите стрелци.
-Се подготвуваме за Металург како и за секој друг натпревар. Сакаме да одиграме добар натпревар и сакаме да играме за навивачите кои од нас очекуваат победа.