Одминуваат последните денови од одморот за кадетско/младинската екипа на ракометниот клуб Вардар. Тимот кој го предводеа изминатата сезона Будимир и Станковски наскоро ќе тргне со подготовките за новите возбудувања во сезоната 2019/2020 година. Повторно истиот тренерски двоец ќе ги води момците во нови успеси.
По крајот на овој месец, некаде на самиот почеток на идниот по крајот на државниот празник „Илинден“ ќе започнат подготовките за новата сезона. Точниот датум наскоро ќе биде дефиниран, овој тим лани одигра деби сезона во младинската лига и настапуваше во кадетската конкуренција каде заврши како „бронзен“. Се очекува оваа сезона како далеку поискусни да имаат поголеми амбиции и постигнувања во овие две конкуренции.