Заврши регуларниот дел од сезоната во првата ракометна лига. Екипата на РК Вардар 2 финишираше на второто место на табелата, кое води во бараж натпреварот за пласман во најсилната супер лига. Избраниците на Стојан Петрушевски забележаа вкупно 19 победи и само три порази, или тоа се 57 освоени бодови. Двата порази беа од тимот на ХЈС Работник кои веќе обезбедија место во супер лигата за следната сезона, откако завршија на првото место. Во пролетниот дел од сезоната црвено-црните имаа само еден неуспех и тоа токму од споменатиот противник. На сите останати мечеви младите Вардарци го надигруваа противникот и забележуваа сигурни победи. Следи решавачкиот чекор за оваа екипа, која во недела ја очекува дуелот против екипата на ГРК Борец за влез во супер лигата. Ќе се игра еден дуел и тоа на неутрален терен.
Ви ги претставуваме сите остварени резултати на РК Вардар 2 во вториот дел од сезоната.
12 коло: Вардар – Риниа М 20:16
13 коло: Тиквеш – Вардар 24:32
14 коло: Вардар – Младост 38:26
15 коло: Гостивар – Вардар 22:35
16 коло: Вардар – ХЈС Работник 21:28
17 коло: Вардар – Метрополис 36:28
18 коло: Преспа - Вардар 20:22
19 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 42:28
20 коло: Вардар – Струга 33:23
21 коло: Куманово – Вардар 22:23
22 коло: Вардар – Текстилец 29:16
Избраниците на Петрушевски се натпреваруваа и во рамките на купот, каде забележаа две победи и еден пораз.
1/8 Вардар – Куманово 27:15
1/4 Гостивар – Вардар 26:37
Во четвртфиналната група која се одигра во Охрид, бевме поразени од екипата на Прилеп која се натпреваруваше во супер лигата. Голем успех направија овие момчиња во дебитантската сезона на првата ракометна лига. Претстојниов викен не очекува нивниот последен меч за оваа сезона, по што ќе биде познато дали ќе играме во супер лигата.