Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > На 26.март, РК Вардар е домаќин на Еурофарм Пелистер
На 26.март, РК Вардар е домаќин на Еурофарм Пелистер

На 26.март, РК Вардар е домаќин на Еурофарм Пелистер

Одреден е терминот на одигрување на првиот од двата натпревари кои ќе го одлучат ракометниот Шампион на Р.Македонија во натпреварувачката сезона 2022/23.

На 26.март (недела) во С.Ц. Јане Сандански, Вардар ќе биде домаќин на Еурофарм Пелистер. Натпреварот ќе стартува во терминот од 18:00 часот.

Вардар и екипата од Битола го делат врвот во Супер Лигата, со по 15 освоени бодови, па нивните меѓусебни натпревари ќе го даде и новиот Шампион на Р.Македонија.