Во сабота РК Вардар ќе го одигра натпреварот кој ќе ни го трасира патот до 1/4 финалето во ракометната Лига на шампиони. Нашите играчи викендов гостуваат во Белорусија кај тимот на Мешков Брест. Овој натпревар е многу важен за нашиот тим бидејќи со победа ќе бидеме само на еден мал чекор до пласман во 1/4 финалето, и избегнување на настап во 1/8 финалето.
За саботниот натпревар во Белорусија, ЕХФ одреди судиска двојка од Србија. Станува збор за Ненад Николиќ и Душан Стојковиќ, ЕХФ делегат ќе биде Јири Конечни од Чешка.