Во недела ќе се одигра завршниот турнир на најдобрите четири екипи во младинска конкуренција, кога ќе се дознае новиот Шампион во оваа категорија. Црвено-црните во полуфиналето ги очекува дуел со Тинекс Пролет. Овој дуел е закажан да започне во 12:00 часот. Во другото полуфинале ќе се сретнат екипите на Металург и Рк Прилеп. Домаќин на Ф4 ќе биде екипата на Металург, во салата во Автокоманда. Дали ова ќе биде некоја предност за домаќините ќе видиме во недела, кога најверојатно во финалето ќе се сретнат најдобрите две екипи.
-Шансите се големи, тренираме напорно секој ден по 2 пати. Неможе да се каже дека имаат предност дека играат на домашен терен. Не се гледа тоа, секој терен е ист и мора да покажеме што знаеме. Со Тинекс се познаваме многу добро, имаме играно многу пати и очекуваме победа и да се сретнеме во финалето со Металур. Сите очекуваме да ја одбраниме титулата од минатата година. Сето ова го должиме на најдобриот тренер Стојан Петрушевски, изјави членот на црвено-црните, Тоше Ончев за нашиот сајт.
Звонко Ивановски