Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Поранешниот вардарец, Тоше Ончев потпиша за екипа која се натпреварува во втората француска лига
Поранешниот вардарец, Тоше Ончев потпиша за екипа која се натпреварува во втората француска лига

Поранешниот вардарец, Тоше Ончев потпиша за екипа која се натпреварува во втората француска лига

Поранешниот играч на Вардар, Тоше Ончев денес е претставен како ново засилување во екипата на Верноулиет која се натпреварува во втората француска лига. Младиот Ончев потпиша договор на една сезона, со можност за продолжување на соработката. Пред три сезони имаше можност да дебитира за првиот тим на Вардар, кој го предводеше Раул Гонзалез и тоа на меч во супер-лигата против екипата на Тинекс Пролет, на кој Ончев постигна 8 голови. Беше дел од тимот на Вардар 2 со кој освоија второ место во првата ракометна лига, како и за Вардар Јуниор кој се натпреварува во супер-лигата. Во сезоната која помина, подготовките ги стартуваше со првиот тим на Вардар, а Ончев имаше забележано настапи и во СЕХА-лигата, на кои постигна неколку голови.

Ова ќе биде нов предизвик за играчот, кој може да настапува на позициите лев бек и лево крило. Нашата редакција му посакува многу среќа во новиот тим, за кој ова е прво интернационално искуство за Тоше Ончев.