Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо и Дибиров: Ќе биде тешко против Брест Мешков, но ние сме Вардар и сакаме да играме во големото финале
Парондо и Дибиров: Ќе биде тешко против Брест Мешков, но ние сме Вардар и сакаме да играме во големото финале

Парондо и Дибиров: Ќе биде тешко против Брест Мешков, но ние сме Вардар и сакаме да играме во големото финале

Вардарци после пласманот во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите немаа многу време за одмор. Црвено-црните веќе се наоѓаат во Брест, каде утре го играат полуфиналето на СЕХА-лигата токму против домашниот тим на Брест Мешков. Ова ќе биде дури петто нивно соочување сезонава. Во регуларниот дел од СЕХА-лигата, Брест Мешков успеа да не совлада на два пати, додека во Лигата на Шампионите, Вардар оствари висока победа на домашен терен, а на гостувањето одигравме со нерешен резултат. Вардар ќе се обиде да стигне до својот петти трофеј во ова натпреварување, а тренерот Парондо до првата СЕХА-титула со Вардар. Што изјави стратегот на црвено-црните во пресрет на Ф4 турнирот.

Против Загреб победивме убедливо таму, па можевме да си дозволиме поголема ротација во Скопје. Можеби не игравме добро како таму, но ќе бидеме подготвени за нов натпревар, иако немавме многу време за тренинзи. Брест е многу добра екипа, особено се силни на домашен терен и играат со ист интензитет цел натпревар, па ќе ни биде многу тешко против нив, но сакаме место во финале. Ако ние играме како што треба, имаме шанси за победа, но и Брест посакува исто. Против Брест треба да играме одлично цели 60 минути, не може да славиме само со едно добро полувреме. И тие посакуваат победа, па ќе биде интересен натпревар.

seha-f4-2019-sredba-so-mediumite-vo-brest-197381

Еден од нашите најголеми адути, левото крилo, Тимур Дибиров смета дека противникот е во предност, поради домашниот терен и навивачите.

Немаме притисок бидејќи веќе навикнавме да играме на вакви средби и тоа во континуитет. Секоја година сме на Ф4 и сакаме да ја освоиме СЕХА. Имаме респект кон Мешков Брест и овој тим има предност бидејќи игра дома пред своја публика, а секогаш кога игра на домашен терен игра подобро. Можеби им давам мала предност, но веќе е добро познато како ние се бориме под притисок. Ќе биде тешко, Брест има предност, но ние сме Вардар, истакна Дибиров.