Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пасквал: Кон Вардар имаме голем респект како тим
Пасквал: Кон Вардар имаме голем респект како тим

Пасквал: Кон Вардар имаме голем респект како тим

Шпанскиот гигант Барселона   во популарната “Блауграна“ утре го пречекува црвено-црниот тим.  Ова е реванш меч од групната фаза   од најсилната  групата А во ЕХФ  Лигата на шампионите.  На дуелот кој се игра утре со почеток во 19-00 часот сите очекуваат дека домаќинот е фаворит,  но тренерот на Барселона, Чави Паскавал е претпазлив во изјавата. Тој за мечот вели:

Дуелот ќе биде сличен како и првиот во однос на тежината и на интензитетот. Многу важно за нас да триумфираме, тие два бода ќе ни дадат мотив и самодоверба да продолжиме со работа. Дуелот ќе биде многу сложен бидејќи се создаде еден амбиент дека победата е готова работа, а тоа  не е баш  така. Имаме голем респект кон тимот на  Вардар, затоа ова ќе ќе биде натпревар со многу борбеност- вели кормиларот на каталонците.