Вардарци под водство на Давид Дејвис се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната, каде ги очекува напорно темпо на натпревари.
Во месец февруари, црвено-црните ќе одиграат натпревари на различни фронта, а според распоредот првиот треба да биде во домашното првенство, каде Вардар треба да гостува на екипата на Металург. Се уште не е одреден официјалниот датум за овој натпревар, засега продолжување на сезоната во Супер Лигата е предвидено за 2.февруари. На 4.февруари има потврден датум за првиот натпревар во СЕХА-лигата за оваа сезона, кога во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Нексе. Првиот натпревар во новата година во Лигата на Шампионите е закажан за 16.февруари, кога Вардар гостува кај екипата на Монпелје.
„Пеколен“ февруари за момците на Давид Дејвис, кога ги очекуваат голем број на натпревари.