Селекторот на кадетската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот на ракометари, на кои ќе смета за претстојната ЕХФ недела, во периодот од 22-28-ми октомври. На него се најдоа и пет играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманите, Марко Кизиќ и Андреј Петковски, потоа Ален Ќосевски, Игор Ѓорѓиев и Тони Атанасовки.
Собирот е закажан за ден 22.10.2018 со почеток во 11:00 часот во спортската сала Автокоманда во Скопје.