Младинската ракометна репрезентација на Македонија составена од играчи кои се родени 2004 година и помлади ги имаа првите меѓународни натпревари. Селекцијата која е предводена од Стојановиќ и Атанасовски беа на турнир во Романија, каде одиграа два контролни натпревари со соодветната селекција на оваа земја.
Македонија доживеа порази и на двата натпревари, а дел од нив беа и пет играчи од редовите на Вардар. На првиот меч бевме поразени со резултат 30:22. Во листата на стрелци на овој дуел се запиша Христијан Петковски кој имаше 2 гола, додека Андреј Петрушевски постигна 3 голови.
И на вториот меч бевме поразени од Романија, речиси со идентичен резултат, од 29:22. На овој меч од вардаровите ракометари во листата на срелци се запишаа Андереј Петрушевски и Георгиј Спасовски кои имаа по 3 погодоци, како и Александар Стојменов со 1 гол.