Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Зоран Петковски: Вардар нема простор да се грижи за својата иднина, треба да бидеме горди на овие ракометари каде во сите категории имаме евидентен напредок
Зоран Петковски: Вардар нема простор да се грижи за својата иднина, треба да бидеме горди на овие ракометари каде во сите категории имаме евидентен напредок

Зоран Петковски: Вардар нема простор да се грижи за својата иднина, треба да бидеме горди на овие ракометари каде во сите категории имаме евидентен напредок

Машката екипа на ракометниот клуб Вардар од генерација родени 1999/2000 година беа дел од силен меѓународен турнир, кој од 27-29-ти декември се играше во Белград. Ова вушност беше мешан состав од играчи кои настапуваат во првата ракометна лига (РК Вардар 2), како и од двете младински екипи на Вардар кои се дел од младинските групи, на Слободан Чивлачки и Пепи Манасков. Тие на овој турнир беа предводени од двоецот Петковски-Чивлачки и може да се каже дека направија максиум со освојување на третото место, со оглед на краткиот период кој го имаа пред себе за да ја уиграат екипата. Со четири победи и два порази го финишираа “Трофеј Белград“ и го освоија бронзениот медал. Популарниот “Зенга“ за нашиот сајт ги сподели впечатоците од силниот турнир во Белград и искажа задоволство од прикажаната игра и залагањето на сите играчи.

-Веќе Белградскиот турнир стана традиција и нешто што доаѓа како ,,шлаг,, на крајот од годината. Одлично презентирање и убав натпреварувачки ракомет со изедначени екипи и организација на високо ниво. Екипа составена со по 7 ракометари од Вардар 2 , и Вардар младинци, како и двајца од Вардар јуниор. Со три-четири тренинга и еден пријателски натпревар , се воигрувавме колку што можеме и дозволуваше врмето да имаме што подобра презентација и прикажеме солиден ракомет.

7

Младинскиот состав на РК Вардар предводен од Зоран Петковски минатата сезона беше дел од истиот турнир, каде на крајот го освои второто место.

-Бевме свесни дека треба да бидеме практични со колегата Чивлачки кој несебично, едноставно се сложивме да го пласираме системот од Вардар 2 , бидејки немавме време за експирименти. Навистина имавме светли моменти и ракометари кои се желни за предизвици. Како и лани и оваа година слабо го отворивме турнирот со пораз од Земун, но потоа од натпревар во натпревар игравме се подобро и подобро.

Според Петковски, Вардар располага со потенцијални играчи со изразит квалитет кои во иднина треба да “затропаат“ на вратата на првиот тим.

-Да не заборавам некого но навистина треебаше да се види како Мишевски прераснува и се одвојува со својата игра во сите фази, Крстевски со одличната игра во транзиција и напад , за жал мора многу повеќе да се потруди и во одбранбените задачи. Ѓоршоски имаше блескави моменти и започнува една нова димензија, Чакалиќ стандардно интересен играч со луцидни потези, голманите Петковски и посебно Кизиќ можам слободно да кажам, дека се новите Шариќ и Штербик во Македонска верзија, малиот Мартин Мајсторовски војник каков би посакал секој тренер и.т.н. Со еден збор Вардар нема простор да се грижи за својата иднина, во полуфиналето бевме оштетени каде и судиите следниот ден се извинуваа за направените грешки со изговор за превид.

Задоволството е очигледно, со потенцирање дека има значително подобрување во младинските категории на РК Вардар.

-Се на се многу сум задоволен од прикажанато и ништо не ми преостанува освен да бидеме горди на овие ракометари каде во сите категории имаме евидентен напредок .

Звонко Ивановски