Денес во спортско рекреативниот центар “Кале“ се одигра дуелот на пионерите на РК Вардар со нивните врсници од РК Лазарови од Свети Николе. Дуелот изобилуваше со многу борба, цврста и машка игра која на моменти беше и погруба од вообичајното. Вардаровите момци предводени беа клупата од нивниот стратег ракметната легенда Андриана Будимир одиграа добар меч.
Мечот се играше две полувремиња од по 20 минути и истиот заврши нерешено 18-18 по одиграните 40 минути ракомет. Резулатот на полувремето исто така беше нерешен 10-10, а во текот на целиот меч имаше дури 12 пати изедначен резулат на семафорот во “Кале“.