Денес во С.р.ц “Кале“-Скопје се одигра првото коло во пионерската машка ракометна лига во кое пионерите на РК Вардар Јуниор предводени од Зоран Петковски-Зенга беа домаќини на РК Бисинов-Вардар тие го имаа своето “огнено крштевање“ во пионерската лига. Младите момци кои првпат играат заедно и се помлади од колегите од РК Вардар дојдоа до победа со пресврт во еден крајно возбудлив дуел со 23-20 (8-9).
Први со гол овој натпревар од пионерската лига го отворија велешани кои поведоа со 0-1 на самиот старт. Ние преку Колевски Петар успеавме веднаш да изедначиме на 1-1 во продолжение. Момците од Бисонов Вардар потоа поведоа повторно овој пат со 1-2, следеше наша серија од 4-1 со која го преземавме водството и поведовме со 5-3 негде на средината од првиот дел. Мечот изобилуваше со борба, жар и одличен ракомет во текот на целиот негов тек. Во последните 4 минути влеговме со реми 7-7 откако велешани успеаа да се вратат во игра. Тие имаа напад, а тренерот Бисинов побара минута одмор. Успешно одиграа нашите противници по тајм-аутот постигнувајќи два гола за предност од 7-9, ние во последниот напад во 20.минута добивме пенал по доброодиграна акција. Успешен реализатор на истиот беше Петковски Христијан кој погоди за 8-9, резултат кој стоеше и на одморот на семафорот во салата “Кале“.
Зоран Петковски имаше “плоден“ говор на полувремето во кој ги измотивира младите момци во вториот дел да се обидат да дојдат до пресврт и победа на овој прв пионерски дуел за нив во нивните кариери. Сепак со гол за 8-10 вториот дел го отворија пионерите од Велес. Брзо се соземавме одигравме добра одбрана и со два последователни гола изедначивме на 10-10 во 4.минута од вториот период. Во следните 5 минути двата состава постигнаа по два гола, резултатот остана реми, 12-12. По овој резултат постојано поведувавме ние со еден или два гола, но секогаш РК Бисинов Вардар успеваше да се врати и да изедначи се до 19-19.
Петковски побара минута одмор заради последни консултации пред финишот, истиот вроди со полод. Во последните моменти одигравме феноменално во одбрана, примивме само еден погодок до крајот. Тоа секако беше наградено во офанзива каде постигнавме четири гола. На крајот пбедивме со 23-20 сосема заслужено, бидејќи внесовме многу енергија, пот, желба и борба во овој прв меч во пионерската лига.
Кај нас Петковски Христијан имаше 6 гола, Славевски Давид погоди 5 пати, а Колевски Петар имаше 4 погодоци во мрежата на велешани. Табаков Иле и Петрушевски Андреј стрелаа умешно по 3 пати, а Сотировски Филип и Симоновски Филип погодија по еднаш.