Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар Јуниор победија во дербито со РК Металург-1
Пионерите на Вардар Јуниор победија во дербито со РК Металург-1

Пионерите на Вардар Јуниор победија во дербито со РК Металург-1

Денес во салата “Кале” во Cкопје во рамки на 3.коло од пионерската машка ракометна лига се сретнаа нашиот РК Вардар Јуниор и екипата на РК Металург-1 од скопска Автокоманда. Момците на Зоран Петковски-Зенга одиграа повторно одличен натпревар и дојдоа до втората победа за нив во оваа деби сезона во лигата. Тие триумфираа со резултат 19-18 (12-8).

q25

Први со два последователни гола дуелот го отворија сино-белите тие поведоа  на стартот со 0-2. Сепак во продолжение ние ги консолидиравме редовите, заигравме поангажирано во одбрана, а во напад казнувавме. Сето тоа доведе да направиме одлична серија 6-2 со која го преземавме водстото и поведовме со резултат 6-4. Следеа пет минути во кои двата пионерски состави постигнаа по два погодоци во противничките мрежи со што ние се уште бевме на “два плус“, 8-6. Во финишот далеку подобро ние се снајдовме, успеавме да ја удвоиме разликата и по крајот на првите 20.минути колку што се игра полувреме во оваа конкуренција заминавме на одмор со четири гола позитива. На семафорот во “Кале“ за време на одморот стоеше резултатот 12-8.

q26

Вториот дел започна со гол за црвено-црните со кој првпат отидовме на овој натпревар на “пет плус“, односно поведовме со 13-8. Некаде по 7-8.минути игра првпат успеавме да зголемиме и на шест гола поведувајќи со 16-10, по што следеше пад во играта на вардарци. Тој пад сериозно го загрози нашето водство, металурзите направија серија 1-6 со која дојдоа на минимална негатива  17-16. Следеше тајм-аут и брзо враќање со два гола поседователни со кои пред самиот финиш поведовме со  19-16. До крајот успеавме да ја задржиме позитивата, противникот намали, но ние до нови бодови дојдовме со резултат 19-18.

Кај нас најдобар стрелец беше Колевски Петар со 5 гола, по 4 погодоци имаа Петковски Христијан и Табаков Иле, а по еден гол впишаа Славевски Давид и Ѓошев Маријан.