Овој викенд се одигра ново предвидено коло во младинските лиги. Пионерите на РК Вардар предводени од Будимир одиграа натпревар во Виница против тимот на Торо Спорт, овој натпревар го доби домаќинот со резултат 30-20 (17-12).
Натпреварот започна изедначено се до шесттата минута кога тимот од Виница направи серија од 5-0 за 8:3, потоа се играше гол за гол, а при крајот на првиот дел Торо Спорт направи уште една мала серија за на полувреме да се замине со резултат 17-12. Во вториот дел избраниците на Будимир постигнаа вкупно осум погодоци а домаќинот 13. На почетокот Торо направи серија од 4-0 а потоа само ја одржуваше високата предност за на крај да заврши со десет голови разлика. Во редовите на Вардар најефикасни беа: Грујовски (6) Чакалиќ (3), Трајановски (3), Димитријевски (3).