Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ФИНАЛЕ ВО ЗРЕЊАНИН, ПИОНЕРИТЕ НА БУДИМИР ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ
УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ФИНАЛЕ ВО ЗРЕЊАНИН, ПИОНЕРИТЕ НА БУДИМИР ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ФИНАЛЕ ВО ЗРЕЊАНИН, ПИОНЕРИТЕ НА БУДИМИР ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ

Уште една радост ни носат нашите младински екипи на силниот меѓународен турнир “Трофеј на град Зрењанин 2017“. Пионерите на РК Вардар предводени од тренерот Андријана Будимир после големата победа против Црвена Ѕвезда во 1/4, денес во полуфиналето ја победија екипата на Спацва од Хрватска. Конечниот резултат гласеше 14:11.

Во текот на целото прво полувреме се играше гол за гол и ниту една од двете екипи не успеаа да поведат со повеќе од еден гол разлика. Мечот со гол го отвори екипата на Спачва, за Вардар да врати со два последователни голови и за прв пат да поведе со 2:1. Во следните седум минути, црвено-црните го одржуваа ова водство, но противникот врати со два гола во серија и тоа од крилна позиција за враќање на предноста од 5:6. До крајот на првото полувреме избраниците на Андријана Будмир успеаа да стигнат до израмнување од 7:7, резултат со кој се замина на полувреме.

Второто полувреме со гол го отвори екипата на Вардар за предност од 8:7. Голема броба се водеше на теренот, како што му доликува на едно полуфинале. Нашите млади надежи храбро се бореа за секоја топка, успеваме да направиме прво поосетливо водство од три гола разлика (13:10). Во тие моменти бевме поблиску до пласман во финалето. Одличен на голот беше и нашиот голман, кој не дозволуваше противникот да се доближи на нашето водство. Одбрана речиси беше доведена во совршенство, кога во последните осум минути противникот дури и да не упати удар кон нашиот гол. До крајот немаше многу време, на младите Вардар забележаа голем триумф со резултат 14:11.

Уште едно финале за нашите екипи. После пионерките сега и пионерите обезбедија големо финале на турнирот во Зрењанин. Во 18:40 часот во финалето ќе се сретнеме со екипата на Лавови од Бачка Паланка.

vardarfans-slavje