Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Со победата над Ангели, пионерите на РК Вардар ја завршија сезоната на второто место во својата група
Со победата над Ангели, пионерите на РК Вардар ја завршија сезоната на второто место во својата група

Со победата над Ангели, пионерите на РК Вардар ја завршија сезоната на второто место во својата група

Пионерите на ракометниот клуб Вардар со победа ја завршија оваа натпреварувачка сезона. Избраниците на Зоран Петковски славеа на гостувањето кај екипта на Ангели од Волково, совладувајќи ја минимално со резултат 14:15.

Во првото полувреме, екипата на Вардар во два наврати имаше предност од два гола разлика, беше 1:3 и 2:4, но домашниот тим постигна два гола во серија и го израмни резултатот на 4:4. До крајот на првиот дел гледавме игра гол за гол, па на одмор се замина со нерешен резултат од 6:6.

Откако Вардар го постигна првиот гол во вториот дел, Ангели вратија со серија од 2:0 и за прв пат на мечот имаа предност од 8:7. Сепак Вардар беше тимот кој повторно успеа да се одлепи на два гола разлика (9:11), за домаќинот да направи серија од 3:0 и да поведе со 12:11. Во интересна завршница подобро се снајдоа момците на Зенга, кои успеаа да слават со резултат 14:15.

Најефикасен во нашиот состав беше десното крило, Матеј Трајановски кој успеа да постигне 4 голови, додека пикерот Александар Стојменов и бекот Виктор Трифуновски  постигнаа по 3 голови. По 2 гола беа дело на Ѓорѓи Спасовски и Никола Анакиевски, додека еден постигна Христијан Петковски.

Пионерите на Вардар ја завршија сезона на второто место во својата група, со скор од 10 победи и 2 порази.