Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар ги започнаа подготовките за пролетниот дел, без Писонеро, Анакиевски и Трифуноски
Пионерите на РК Вардар ги започнаа подготовките за пролетниот дел, без Писонеро, Анакиевски и Трифуноски

Пионерите на РК Вардар ги започнаа подготовките за пролетниот дел, без Писонеро, Анакиевски и Трифуноски

Пионерите на ракометниот клуб Вардар од вчера ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Генерацијата на ракометари кои се родени 2004/05 година покрај во пионерската се натпреваруваат и во младинската лига.

Во пионерската лига, момците на Зоран Петковски се наоѓаат на првото место во својата група, со максимален број на освоени бодови. Нашите млади надежи одиграа девет натпревари и сите ги добија во своја корист.

Во пролетниот дел ќе влеземе ослабени за неколку играчи. Како што известивме, Никола Анакиевски и Виктор Трифуноски се прекомандувани во екипата на Вардар Јуниор која се натпреварува во супер лигата. Дел од екипата не е веќе ниту Алесандро Писонеро, кој се врати во Шпанија, откако неговиот татко имаше неславна одисеја во редовите на Европскиот Шампион.

Можно е да има нови имиња во пионерската екипа на Вардар, кои дополнително би било познати од следната недела.