Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Европскиот шампион остана непоразен и во Германија, Штербик повторно јунак
Европскиот шампион остана непоразен и во Германија, Штербик повторно јунак

Европскиот шампион остана непоразен и во Германија, Штербик повторно јунак

Вечерва,  Европскиот шампион гостуваше кај екипата на Рајн-Некар, во рамките на најсилната група А од лигата на шампините. Игравме  против шампионот на Германија и успеавме да одиграме реми 21-21 со кое останавме единствен непоразен тим во групата.

Домаќинот прв отвори со погодок за 1-0, ние вративме од пенал преку Чупиќ. Се играше борбено со малку голови на почетокот дури во 6.минута домаќинот постигна гол за 2-1, потоа во следните шест минути ние го преземавме водството со два последователни гола. Преку Дибиров од пенал во 11.минута поведовме првпат на овој дуел со 2-3, домаќинот потоа со серија 3-0 поведе со 5-3 во 18.минута. Момците на Раул со два последователни гола изедначија на 5-5, а домашната клупа побара минута одмор. Се играше гол за гол потоа во 24.минута резултатот на семафорот беше 8-8. Дуелот изобилуваше со силна игра во одбраната, на нашиот гол во првиот дел Штербик имаше шест одбрани од кој еден пенал. Абутовиќ во офанзива блесна, постигна гол и изнуди пенал кој Дибиров го реалзиираше за предност од 8-10. Следеше пад во нашата игра и серија 3-0 на домаќинот со која го преземаа водство и поведоа со 11-10. До крајот на првиот дел со голот на Дибиров и одбраната на Штербик успеавме овој дуел на одмор да го однесеме со резултатска симетрија на семафорот, 11-11.

Воведните три минути донесоа по три  гола во двете мрежи, резултатот беше и понатака нерешен 14-14, двата тима постојано си “дишат во врат“ на овој дуел кој е прогласен за дерби на неделата од страна на ЕХФ.  Следеа два последователни гола во нашата мрежа со кои противникот се одлепи на 16-14, Гонзалес веднаш побара минута одмор. Кристопан потоа веднаш врати и намали на минимални 16-15 за германскиот првак. Во 17.минута од вториот дел Вардар пропушти две прилики да изедначи при резултат 17-16 со брзоплетост во нападот. Конечно изедначивме на 18-18 преку Шишкарев во 19.минута од вториот дел. Штербик во моментите кога паѓавме во продолжение и Некар се обидуваше да се одлепи не вадеше со неговите одбрани, за жал во нападот бевме доста “стерилни“.  Во 55.минута германиците се одлепија на 21-19. што наговестуваше проблеми за нас. Но вардарци се соземаа и успеаа да намалат на 21-20 и да добијат напад за реми, но ние направивиме пробивање.  Шмит имаше прилика сепак погоди греда, ние имавме повторно прилика повторно и погодуваме за 21-21 преку Чупиќ.  Штербик со интервенција на крајот успеа да донесе реми.

Тимур Дибиров и Даинис Кристопанс со по 5 голови беа најефикасни во таборот на Вардар, 4 постигна Жоан Канељас, Арпад забележа петнаесет одбрани на овој дуел.