Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > По една година пауза се враќа турнирот “Трофеј Вардар“ во организација на нашиот клуб

По една година пауза се враќа турнирот “Трофеј Вардар“ во организација на нашиот клуб

Во периодот од 16-19-ти август во спортскиот центар Јане Сандански ќе се одржи второто издание на турнирот “Трофеј Вардар“ во организација на нашиот клуб. По една година пауза повторно ќе гледаме силен меѓународен турнир во Скопје.

Силни екипи на средината на месец август ќе пристигнат во Скопје и заедно со Вардар ќе се борат за првото место. Кристијанштад, Пик Сегед, Металург, Горење Велење и Висла Плоцк ќе бидат дел од турнирот “Трофеј Вардар“. Ова ќе биде силна подготовка за нашиот шампион пред почетокот на новата натпреварувачка сезона во лигата на шампиони и СЕХА-лигата. Црвено-црните го освоија првото издание кога во финалниот натпревар ја победивме екипата на Кристијанштад. Минатата година истиот не се одржи поради олимписките игри во Рио Де Жанеиро.