Saturday ,19 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Толку беше, Гурбиндо заминува од Вардар..
Толку беше, Гурбиндо заминува од Вардар..

Толку беше, Гурбиндо заминува од Вардар..

РК Вардар 1961 го губи најзвучното засилување ова лето. Неочекувано, Едуардо Гурбиндо по само еден месец минат во редовите на ,,црвено – црните” заминува од Скопје и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во редовите на Динамо Букурешт, каде настапува Дисингер, а тренер е Чави Пасквал.

Е сега зошто Гурбиндо по само еден месец си заминува од Вардар останува голема енигма. Шпанецот во интервјуа велеше дека му е убаво во Скопје и во Вардар, потпиша договор на три сезони.. можеби нешто тргнало наопаку со дел од тимот, можеби пак Вардар не е задоволен од неговиот придонес, останува да видиме што ќе се случи на оваа тема и зошто Гурбиндо заминува..

Неговото место во тимот како десен бек ќе го завземе Кевин Њокас кој пак треба да биде претставен како нов играч на вардарци овие денови заедно со неговиот брат Оливие кој игра на позицијата лев бек.