Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар останува на врвот, падна и Целје во “Јане Сандански“
Вардар останува на врвот, падна и Целје во “Јане Сандански“

Вардар останува на врвот, падна и Целје во “Јане Сандански“

Вечерва во нашиот дом “Јане Сандански“ ракометниот клуб Вардар го пречека Целје во меч од Л.Ш. Нашите момци беа доминантни во текот на целиот меч и триумфираа со 35-30. Со оваа победа останавме на првото место во групата и чекориме кон дирекно 1/4-финале.

rk2

Мечот  со гол го отворивме ние, за 1-0 стрелаше Шишкарев. Потоа гостите со два последователни гола поведоа со 1-2. Вардарци вратија со иста мерка и го превземаа водството 3-2 во 4 минута. По изедначувањето на 3-3 вардарци влегоа во серија 4-0 и со голот на Чупиќ од пенал и трите на Душебаев поведовме со 7-3 во 8 минута од мечот одлепувајќи се на “плус четири“. Таа предност “црвено-црните” ја одржуваа и во 15 минута влеговоме со четири позитива, 10-6. Гостите од Словенија со два гола ја ублажија нашата предност, намалија на 10-8 во 17 минута од дуелот. Сепак, “црвено-црните” не дозволија да им биде загрозена предноста и со два гола за 30 секунди  повторно отидоа на “четири плус“ 12-8. Во 24 минута прв пат поведе “црвено-црниот” состав со шест гола, 16-10, погодокот го постигна Рожерио Мораеш кој два напади по ред реализираше. На нашиот гол блескаше како и секогаш Арпад Штербик, кој добиваше аплаузи на отворена сцена. За да не биде се едноставно, нашиот противник со два последователни гола намали на 16-12 во 25 минута. Следеа неефикасни три – четири минути во кој вардарци додадоа еден гол, а нашиот противник ниеден, со тоа  зголемивме на 17-12. На одмор се отиде со резултат 20-15 во корист на момците на Раул Гонзалес.

0000

Вториот дел со погодок го отвори тимот од Словенија кој намали на 20-16, во следната акција Карачиќ стрелаше за повторно “плус пет“ 21-16.  Гостите намалија на 21-17, а потоа Штербик придодаде уште три интервенции  зад своето име, тоа го круниса Дибиров со три гола за 24-18 во 39 минута од овој дуел.  Во 40 минута при резултат 25-19 по 2 минути исклучување заработија Борозан и Потеко по меѓусебен конфликт на теренот.  На средината на полувремето во 45 минута момците на Гонзалес водеа со “плус шест“ 28-22. Во следните пет минути по два гола паднаа на двете страни и во 50 минута влеговме со резултат 30-24. На голот одличниот Штербик беше заменет од Петар Ангелов-Диви. Во последните пет минути влеговме со стандардната предност од шест гола односно со 33-27. На крајот триумфиравме со 35-30.

Прв стрелец беше Алекс Душебаев со 8 , втори најдобри скорови  имаа Шишкарев и  Тимур Дибиров- 6 гола.