Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Убедлива победа над Работнички
Убедлива победа над Работнички

Убедлива победа над Работнички

Денеска нашите ракометари повторно се сретнаа со тимот на РК Работнички, овој пат ова беше натпревар од Купот на Македонија. Нашата екипа во купот на РМ се наоѓа во четвртфиналната група и е апсолутен фаворит за 1/2 финале, и куп трофејот. Нашите момци овој натпревар го добија со високи 42-26. Уште на стартот од натпреварот Вардар покажа моќ против овој тим на Работнички и стави јасна слика како ќе тече денешниот резултат. Во првите 10 минути водевме со 8-3, потоа предноста достигна и 15-9, за на крај на првиот дел да биде 20-15. Во вториот дел Вардар направи разлика од 27-20, а потоа следуваше и нова серија од 7-1 за високи 34-21 до крајот на натпреварот Вардар рутински ја заврши својата работа, за конечни 42-26. Во 17-30ч играме нов натпревар против РК Металург 2.

Стрелци во двата тима:
Вардар: Милиќ, Ангелов, Стоилов, Брумен 8, Тоскиќ, Манасков 9, Карачиќ, Душебаев 6, Лазаров, Циндриќ 8, Дибиров, Горбок 3, Шишкарев, Марсениќ 8.

Работнички: Ѓорѓевски, Алушовски, Илиќ 10, Маркоски 3, Димовски 1, Крстески, Орданоски, Марсениќ 3, Мојсовски 6, Станковски, Димитриески 2, Гајиќ 1.