Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар патува во Загреб со ,,плус четири”
Вардар патува во Загреб со ,,плус четири”

Вардар патува во Загреб со ,,плус четири”

Вардар го победи ППД Загреб во првиот натпревар од 1/4 финалето на СЕХА. Вардарци водеа во текот на целиот натпревар, а на крајот победија со плус четири, 24-20.

Натпреварот започна во знакот на Вардар, кој имаше предност од плус еден, 3-2 во 5. минута. Потоа се играше гол за гол, па така во 18.минута Вардар имаше само еден плус, 9-8. Продолжи неизвесниот меч и предноста од еден до два гола, овој пат во 27.минута беше 12-11. Вардарци подобро го завршија првиот дел, па така со голот на Дибиров од пенал дојдоа до 14-12 на полувреме. Кудуз и Тото беа одлични во првиот дел, исто така и Георгиевски.

Вториот дел започна со два гола на Вардар за максимални плус четири. Во 40.минута резултатот гласеше 18-15. Потоа следуваше одбрана на Томовски од пенал на Чупиќ и погодок на Гурбиндо за плус три, 19-16 во 44.минута. Во 50.минута со гол на Гудуз, Вардар одново замина на плус три, 20-17. Во последните десет минути, Вардар одигра подобро па затоа го доби натпреварот со четири разлика.