Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Избраниците на Будимир пионерите на Вардар, триумфираа во гости кај Работнички кој се предводени од Алушевски
Избраниците на Будимир пионерите на Вардар, триумфираа во гости кај Работнички кој се предводени од Алушевски

Избраниците на Будимир пионерите на Вардар, триумфираа во гости кај Работнички кој се предводени од Алушевски

Пионерите на ракометниот клуб Вардар се вратија на победите во лигата, откако денес во спортскиот центар “Форца“ беа подобри во дербито од екипата на Работнички. Во еден интересен натпревар, избраниците на Андријана Будимир славеа минимално со резултат 16:17.

Екипата на Работнички подобро го отвори мечот и имаше водство од 2:0 и 3:1. Во текот на целото прво полувреме, домашниот тим беше во предност, додека Вардар ‘бркаше“ негатива. Работнички во еден момент имаше и највисоки четири голови разлика 8:4. На полувреме домашната екипа замина со предност од 8:6. Избраниците на Адријана Будимир денес играа одлично во одбраната што беше наградено во вториот дел кога преминавме во водство со 10-11. По ова водство ние продолживме во исти ритам, недававме Работнички да ја преземе предноста остварувајќи триумф со 16-17 над избраниците на македонската ракометна легенда Стевче Алушевски.  Најдобар стрелец кај црвено-црните беше Бојан Чакалиќ со шест гола и Давид Савревски со пет гола.  Тренерот на екипата Будимир посебно беше задоволна од одличната игра во одбраната  на екипата, во текот на целиот меч одигран во гости. Особено нашата одбрана одигра одлично против играчот на Работнички кој покрај во оваа категорија игра и во Супер лигата, тој неможеше да направи многу против нашата мотивирана екипа. Вардар досега во оваа лига има четири победи, едно реми и еден пораз во минатото коло. До крајот остануваат две кола, во следното сме домаќини на РК Македонија Ѓорче Петров во Кале.