Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Еурофарм Работник “лесен залак“ за македонскиот и европски првак, РК Вардар триумфално в Битола
Еурофарм Работник “лесен залак“ за македонскиот и европски првак, РК Вардар триумфално в Битола

Еурофарм Работник “лесен залак“ за македонскиот и европски првак, РК Вардар триумфално в Битола

Вчера актуелниот европски шампион, Вардар го совлада Еурофарм Работник среде Битола со 22-39 во рамките на 7. коло од плеј-офот на Суперлигата. Момците на Гонзалез без проблем го решија овој лигашки дуел со кој се одигра во салата “Младост“ во Битола пред околу 1500 гледачи.

Ние отворивме со 0-2, на почетокот а противникот намали на 1-2 потоа. Битолчани освен почетните 0-0  во ниту еден дел од мечот немаа позитивен резултат за нив.  На почетокот се трудеа да бидат конкурентни, тие успеаа да стигнат на минимална негатива 4-5, но потоа следеше пеколна серија 1-6 по која се одлепивме на “плус шест“, 5-11. До крајот на првиот дел успеавме да ја зголемиме разликата дополнително и заминавме на одмор со осум гола позитива. На семафорот  во салата “Младост“ стоеше 11-19 во корист на црвено-црните.

Во вториот дел влеговме повторно одлично и успеавме да отидеме за кратно на 12 гола предност, ние поведовме на самиот почеток со 13-25. Се по ова беше рутина, од минута во минута го зголемувавме резултатот се до плус 17, 22-39 резултат со кој дојдовме до нова победа.

Најдобри стрелци во црвено-црниот  тим беа Лука Циндриќ со осум голови и Даинис Кристопанс кој даде седум, а кај битолскиот тим се истакнаа Гоце Ојлески со пет и Елмир Граџан со четири погодоци.