Стручниот штаб на вардарци се реши да одмори дел од првотимците, но и покрај тоа гостите беа одлични во нападот и одбраната од самиот почеток. Пролет успешно парираше до 3-5, по што следеше серија до 6-0 на Вардар и тоа им овозможи на гостите на полувреме да заминат со 16-7.
На самиот почеток на вторите 30.минути со врзани 4.гола поведовме со високи 20-7. Домаќинот имаше свои минути, влезе во серија и со 7-0 намали на шест погодоци (14-20). Но, домаќините немаа сила за изненадување против нашиот тим кој го задржа водството до крајот на мечот.
Кај Вардар на денешниот дуел Чувара беше најефикасен со осум погодоци кај Вардар.