Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победа за кадетите на РК Вардар Јуниор во дуелот со екипата на Делчево
Победа за кадетите на РК Вардар Јуниор во дуелот со екипата на Делчево

Победа за кадетите на РК Вардар Јуниор во дуелот со екипата на Делчево

Кадетите на ракометниот клуб Вардар забележаа нова победа во лигата. Во спортскиот ракометен центар Кале попладнево, избраниците на Слободан Чивлачки беа подобри во дуелот со екипата на Делчево. Конечниот резултат на овој меќ гласеше 37:29

Гостинската екипа имаше само едно единствено водство и тоа во првите минути од натпреварот (1:2). До крајот на мечот црвено-црните имаа постојана предност и ниту во еден момент не им дозволија на Делчево да поведат. Во првите осум минути гледавме израмнет меч, каде се играше гол за гол на двете страни. При резултат од 6, Вардарци успеваат со серија од три последователни гола да имаат водство од 9:6. Како одминуваше првото полувреме, постепено но сигурно ја зголемувавме предноста . На голот го имавме одличниот Марко Кизиќ, а во нападот повторно главна улога имаше Мартин Карапалевски. Во еден момент од првиот дел стигнавме и до највисоки 14:9. Оваа позитива ја одржувавме се до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со наше водство од 18:14.

Тренерот Чивлачки во вториот дел им даде шанса за настап на сите играчи кои беа на располагање. Второто полувреме започнува со наш погодок. Во еден период на играта Делчево успева да се врати во игра и да донесе резултатска неизвесност, постигнувајќи неколку погодоци за да намалат на 23:21. Сепак денес нашите кадети беа далеку подобар противник и повторно успеваат да се одлепат од противникот. При резултат од 24:22 правиме нова серија од 4:0 за највисоки шест гола предност 28:22. Последните 10 минути беа рутина и одработување за црвено-црните, каде се испробуваа различни варијанти во играта.

Нјафикасен во редовите на Вардар беше Мартин Карапалевски со 12 гола. Христи Бикоски и Ален Ќосевски додадоа по 7 погодоци. Марко Кизиќ и денес беше брилијантен на голот, забележувајќи 21 одбрана.

РК Вардар: Кизиќ, Брунчевиќ, Стојановски, Николовски, Атанасовски 3, Карапалевски 12, Антевски 4, Биковски 7, Ќосевски 7, Благопетров 1, Ангелковски, Мајсторовски, Динев 3.