Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победи за Металург во дуелите со Вардар, во рамките на кадетската и младинска лига
Победи за Металург во дуелите со Вардар, во рамките на кадетската и младинска лига

Победи за Металург во дуелите со Вардар, во рамките на кадетската и младинска лига

Денес во спорстката сала во населбата Автокоманда се одиграа натпревари помеѓу Металург и Вардар, во рамките на кадетската и младинската лига. На двата дуели, како победник излезе екипата на Металург.

Маногу понеизвесен беше оној во конкуренција на кадети, кој со три голови разлика му припадна на Металург. Вардарци први го отворија резултатот, но домашниот тим врати со три последователни голови, за водство од 3:1. Во наредниот период, избраниците на Чивлачки успеваат да стигнат до израмнување од 4:4, но Металург повторно прави серија од 3:0, за највисоки во тој момент 7:4. До крајот на првото полувреме многу подобра игра на Вардар, кој успева да направи серија од 1:5 и на полувреме да се замине со нерешен резултат од 9:9.

На стартот на второто полувреме по еден гол на двете страни за ново израмнување на резултатот. Сепак слично како и во првиот дел, Металург успева да се одлепи сега на највисоки четири голови разлика, откако направи серија од 4:0. Имаше Металург и шест гола водство (17:11), со што полека ја најавуваше победата. Вардар  немаше сили за ново враќање на натпреварот и единствено што успеа на крајот е да ја преполови негативата и мечот да го заврши со нерешен резултат 22:19.

Црвено-црните го имаа единствено расположениот Христијан Милошески кој постигна 9 голови.

Во младинската лига од групата 1, очекувано поискусната екипата на Металург 2 го победи тимот на Вардар. Конечниот резултат гласеше 48:22. На полувреме резултатот беше 26:12. Во редовите на Вардар, најефикасен беше Васил Стојковски кој постигна 8 голови.