Вчера во малата сала при спортскиот центар “Јане Сандански“ се одиграа дуелите во вардаровата ракометна Јуниор лигата, На програмата беа мечевите за генерација родени 2002/ 2003 година, во кои победа однесоа екипите на Кале-Вардар и РК Преспа-Вардар.
Во оваа генерација во едниот меч се сретнаа екипите на Кале-Вардар и Бисинов Вардар кои одиграа еден интересен дуел. Први поведоа на овој меч ракометарите на Кале со два погодока. Бисинов ја консолидираше играта тргна поофанзивно и за кратко со серија 0-3 го презема водството, резулатот на семафорот е 2-3. Ова како да ги подналути играчите на Кале кој на серијата на Бисинов одговори со серија 7-1 и поведе првпат на овој меч со дотогаш максимлани пет погодоци односно со резултат 9-4. Во последните минути од на првиот дел се играше игра “гол за гол“ на двете страни, но во финишот со два последователни гола на одмор играчите на Кале однесоа висока предност од 13-6. Вториот дел започна во стилот онака како што заврши и првиот со целосна доминација на кичевчани на теренот. Први во вториот дел поведоа Бисинов, но и овој почеток им припадна на Кале тие вториот период го отворија со серија со фантастична серија 8-2 за резултат 21-8 на семафорот во малата сала при спортскиот центар “Јане Сандански“. Оваа голема предност требаше да го наговести победникот во овој дуел, но ракометот секогаш носи изненадување. Ракометарите на Бисинов не сакаа да се предадат и прават фантастична серија 1-7 која за нивна жал не беше доволна за победа, овој меч заврши со резултат 22-15 за Кале.
Во вториот дуел се сретнаа екипите на РК Преспа Вардар и тимот на ОПШ. Кисела Вода, во овој двомеч победа однесе екипата на Преспа со убедливи 24-10. Мечот со гол први го отворија младите ракометни надежи на Кисела Вода, а пак Преспа веќе во следниот напад изедначи. Се играше во продолжение како и што почна првиот дел игра “гол за гол“ на двете страни. До половината на првиот дел двете екипи погодиа уште по три пати во мрежите на противникот за резулататска симетрија на семафорот во “Јане Сандански“ 4-4. По овој момент и тајм-маутот за РК Преспа се случи целосен пресврт во играта на паркетот, тие поангажирано заиграа во одбраната и станаа не премослив бедем за скопските ривали, во нападот реализираа лесно и со серија 5-0 на полувреме мечот го однесоа со резулат 9-4. Во вториот дел Преспа прва погоди, а веднаш врати овојпат екипата на Кисела Вода. По почетните погодоци во двете мрежи Преспа прави серија 5-1 и резулатот на семафорот е 15-6 и најголеми дотогаш плус девет за Преспа. Во продолжение игра гол за гол на двете страни , се до резулатот 19-9, по што преспанчани им испорачуваат нова серија 4-0 за резулат 23-9. До крајот се беше само рутина за младите ракометари на Преспа кои победиа со конечни 24-10.