Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победи за Рк Бисинов и Рк Кале- Вардар, во машка конкуренција, во рамки на “Јуниор“ лигата
Победи за Рк Бисинов и Рк Кале- Вардар, во машка конкуренција, во рамки на “Јуниор“ лигата

Победи за Рк Бисинов и Рк Кале- Вардар, во машка конкуренција, во рамки на “Јуниор“ лигата

Денес продолжија натпреварите во рамките на “Вардар Јуниор“ лигата во машка и женска конкуренција. Победи остварија Рк Бисинов- Вардар и Рк Кале-Вардар во машка конкуренција.

Рк Бисинов-Вардар и покрај тоа што настапуваше со само седум ракометари, без ниедна замена на крајот успеаа да ја победат екипата на Рк Урдаревски. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 17:15. Урдаревски први го отворија натпреварот со гол, во следните пет минути гледаме израмнет меч на двете страни. При резултатот 7:7, Рк Бисинов успева да направи серија од 3:0 и за прв пат да има водство од 10:7. До крајот на првото полувреме успеаа да ја одржат оваа позитива и на пауза да заминат со предност од 11:8.

Иако тренерот на  Рк Урдаревски имаше можност да прави измени во својот состав и да ги одмара играчите, многуте грешки кои ги правеа неговите избраници беа пресудни за конечниот пораз. Рк Урдаревски блеснаа само во првите минути од вториот дел, кога намалија на 11:10, но победничката екипа врати со серија од 4:0, за највисоки во тие моменти 15:10 на семафарот. Мора да се истакне голманот на Рк Бисинов, кој имаше неколку добри интервенции, кои влијае на позтивниот резултат на неговиот тим. Се што успеаа Рк Урдаревски да стори до крајот е само да го ублажи поразот на 17:15.

Најфикасен во победничкиот тим беше Мартин Игнов со 6 гола, додека во поразениот тим највеќе се истакна Стефан Стефковски, кој успеаа да постигне речиси половина од погодоците на својата екипа, или вкупно 7. Ова беше заостанат натпревар од третото коло, во генерација родени 2000/01 година.

По завршување на овој дуел, се одигра и вториот натпревар во С.Р.Ц. Кале, помеѓу екипите на Рк Кале- Вардар и Рк Бисинов Вардар, генерација родени 2002/03 година, исто така во машка конкуренција. Поуспешни беа Рк Кале, кои забележаа триумф со резултат 20:15. Заслужена победа за Рк Кале, ако се земе обзир дека во текот на целиот натпревар имаа постојано водство. Се што успеаа противникот да стори е да го израмни резултатот, на стартот на второто полувреме. Веќе по 10 минути играа имаа водство од 6:2. Следуваше серија на Рк Бисинов од 0:3, за намалување на негативата на само еден гол. До крајот на првиот дел, се играше гол за гол на двете страни, доволно Рк Кале да ја зачува предноста и со предност 11:10 да замине на краток одмор.

vardarfans junior liga

Вториот дел започна со израмнување на 10:10, сепак Рк Кале го забрзува темпото на игра што им носи водство од 14:10. Ова беше клучниот период, за конечниот победник на овој дуел, уште во два наврати имаа водство од четири голови разлика. На крајот само го зголемија ова водство за конечни 20:15.

Бојан Вренцовски го предводеше РК Кале со 6 постигнати голови, додека во поразената екипа се истакна Стојанов Лазе, кој постигна повеќе од половина голови за Рк Бисинов. Тој, мечот го заврши со 8 голови.