Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > ЈУНИОР ЛИГА: Победи за машките екипи на РК Урдаревски и РК Филип кај генер. 2000/01
ЈУНИОР ЛИГА: Победи за машките екипи на РК Урдаревски и РК Филип кај генер. 2000/01

ЈУНИОР ЛИГА: Победи за машките екипи на РК Урдаревски и РК Филип кај генер. 2000/01

Изминатиов викенд активно беше второто пролетно коло во ракометната “Јуниор“ лига. Во големата сала на С.Ц. Јане Сандански се одиграа два натпревари во машкиот дел кај генерација родени 2000/01 година. Победи забележаа екипите на РК Урдаревски и РК Филип.

РК Урдаревски немаше поголеми проблеми во дуелот со РК Војнисон  и славеше со резултат. Стартот навестуваше како ќе се одвива овој натпревар кога Урдаревски поведе со 0:4, а долго време се чекаше на првиот гол на Војнисон кој намали на 1:4. Продолжи неефикасноста на Војнисон и до крајот на првото поилувреме, кога на одмор се замина со резултат 2:7. Немаше неизвесност ниту во второто полувреме, во еден момент екипата на Урдаревски имаше и највисоки седум голови (5:12), а конечениот резултат гласеше 7:13. Три играчи кај победничкиот тим постигнаа по 3 голови. Оливер Јовчевски, Христијан Јанакиевски и Стефан Стевковски постигнаа по 3 голови, додека кај Војнисон најдобар беше Марио Крстески со 5 погодоци.

На вториот натпревар кај оваа генерација победа забележа РК Филип во дуелот со ГРК Гостивар. Интересно е што во најголем дел од првото полувреме се играше гол за гол на девте страни и ниту една од екипите немаше поголема предност од еден гол. Во последните пет минути од првиот дел при нерешен резултат 9:9, екипата на РК Филип прави серија од 3:0 и за прв пат има водство од 12:9. На полувреме се отиде со резултат 13:10. Во второто полувреме следиме доминација на Прилепскиот тим кој со гол го отвори второто полувреме за предност од 14:10. Како одминуваше натпреварот предноста се повеќе растеше и во еден момент достигна седум гола 20:13. На крајот се покажа како убедлива победа, за коенечен резултат од 24:15. Давид Алексоски постигна 10 голови кај РК Филип, додека кај поразениот тим, Филип Илиески и Бојан Маркоски беа стрелци на 4 голови.