Вардар го доби првиот натпревар во рамките на четврфиналето од лигата на шампиони, против екипата на Фленсбург. На теренот во Германија, црвено-црните излегоа како победници и славеа со резултат 24:26, што им дава голема шанса да го елиминираат бундеслигашот и да се пласираат на завршниот турнир во Келн.
На гостувањето во Фленсбург, Вардар не беше сам и имаше поддршка од околу стотина навивачи, најчесто иселеници кои живеат во Германија. Тие во текот на целиот меч навиваа, што значеше голем поттик и мотив за избраниците на Раул Гонзалес. Оваа поддршка ќе биде значително поголема, кога во четврток го играме реваншот во Јане Сандански.