Новиот проект на господинот Сергеј Самсоненко кој започна минатата година да се направи втора екипа на Рк Вардар, беше и повеќе од успешен. По само една сезона помината во првата ракометна лига, оваа екипа се пласираше во Супер-лигата за следната сезона. Сите впецатоци од изминатава сезона, ни ги пренесува нивниот член Мартин Поповски.
-Секој почеток е тежок но за наша среќа адаптацијата беше брза, малку време требаше да се запознаеме едни со други и да се навикнеме на начинот на игра кој го трасираше нашиот тренер Пепи Манасков. Сигурно дека верував, ја знаев структурата на тимот, а и професионалниот режим на тренинзи којшто не очекуваше па во ниту еден момент не се посомневав во овој проект.
Избраниците на Мансков ја завршија сезоната со максимален учинок на победи.
-Кога ќе се заврши една првенствена сезона без ниту еден пораз, секако дека впечатоците се позитивни. Оваа сезона беше добредојдена за нашиот тим, за запознавање на начинот на игра и воигрување помеѓу играчите.Успеавме да ја исполниме зацртаната цел на почетокот на сезоната, а тоа беше да се заврши сезоната без пораз во првенствените натпревари.
Од следната сезона, ќе имаме дефинитивно две ракометни екипи на Вардар. Целта уште сега е поставена за помладите, да обезбедат пласман во Европските купови.
-Настапите во суперлигата ќе бидат на едно повисоко ниво од досегашното, но не верувам дека тоа ке претставува проблем. Веќе имаме одиграно по неколку натпревари со овие екипи и успеавме да ги победиме. Нашата нова цел ќе биде топ 4 , се надевам дека ќе успееме да ја оствариме, изјави Мартин Поповски за нашиот сајт.
Фото: 24 ракомет
Звонко Ивановски