Вчера во натпревар во рамките на 11-то коло од македонската ракометна Супер лига, во спортската сала „Македонско сонце“ Пролет беше домаќин на нашиот млад црвено-црн колектив , тимот на РК Вардар Јуниор. Домаќините на овој дуел беа поуспешни од нас со резултат 29-26 на ова скопско соочување.
На почетокот домаќинот поведе со 1-0 преку Василевски, апак ние одговоривме со голот на Ангелов за изедначување. Домаќините веќе по 4 минути имаа предност од 4-1, која дополнително раснеше и некаде средината на првиот дел се искачи на високи плус шест, односно 10-4. Избраниците на Стојан Петрушевски, се вратија во мечот заиграа подобро и успеаа да ја ублажат негативата пред одморот, на полувреме се замина со резултат на семафорот во салата „Македонско сонце“ 13-9 во корист на домаќинот.
Вториот дел започна со два последователни погодоци на домаќинот кој се одлепи повторно на шест гола позитива, со резултат 15-9. Селедеше период во кој двете екипи долго играа рамноправно, предноста остануваше иста. Во ефектна игра на двете страни одкако паднаа по 12 гола, предноста беше сеуште шест плус, 27-21. По овој резултат следеше во финишот период во кој ние бевме подобар противник, до крајот со ја преполовивме негативата и бевме поразени само со три погодоци, односно со резулат 29-26.
Кај нашиот млади вардаров тим, РК Вардар Јуниор вчера најефикасни на натпреварот беа Куколовски, Поповски и Георгиевски кои постигнаа по 5 погодоци.