Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор поразен од Еурофарм Работник
Вардар Јуниор поразен од Еурофарм Работник

Вардар Јуниор поразен од Еурофарм Работник

Вардар Јуниор доживеа пораз откако попладнево нашите млади ракометари загубија во Битола кај тимот на Еурофарм Работник, со резултат 29-22 (17-10).

Домашниот тим на Еурофарм Работник уште од самиот старт на натпреварот имаше предност над нашиот млад тим кој правеше многу технички грешки, тоа го искористија пред се Мсквилидзе и Дрогришки за на пауза да замине нивниот тим со комотна предност од плус седум. Во вториот дел со нешто подобра игра од првиот дел, Вардар успеа да постигне 12 погодоци, за на крајот да загуби со идентични како и на полувремето, минус седум 29-22.

Најдобри во победничкиот состав беа Дрогришки со седум, а Мсквилидзе и Ојлески дадоа по шест, додека кај Вардар Јуниор се истакнаа Кукуловски со седум и Трпчевски со шест погодоци.