Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор остана без бодови од средбата со Охрид
Вардар Јуниор остана  без бодови од средбата со Охрид

Вардар Јуниор остана без бодови од средбата со Охрид

Викендов на програмата во машката Супер лига за одигрување е 13.коло, во истото младиот тим на Вардар Јуниор беше домаќин на РК Охрид 2013. Избраниците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков   на мечот во СЦ “Јане Сандански“ останаа без бодови, охриѓани триумфираа со резултат 29-18.

a3

Лошо отворивме, гостинот поведе со 0-3 на самиот старт.  Ние преку Крстевски Стефан во 6.минута намаливме на 1-3. Првиот дел беше поприлично неефикасен двата тима не беа на висина на задачата во офанзива. Од минута во минута гостинот постојано ја зголемуваше предноста па на одмор замина со седум позитива. На семафорот во “Јане Сандански“ стоеше 12-5. Ние за 30.минути погодивме само пет пати, нешто што го искорегиравме во вториот период на оваа суперлигашка средба.

a4

Гостинот поведе на почетокот од вториот период со 5-13, а ние конечно врзавме два гола во серија и намаливме на 7-13 во 34.минута со головите на Димов и Карапалевски од пенал. Во вториот дел бевме далеку по ефикасни постигнавме дури 13.гола за разлика од првиот. Противникот ја одржуваше предноста, малку успеа и да ја зголеми па триумфираше со девет гола.  Победата за тимот од Охрид дојде со резултат 29-18.

a

За нас Ќосевски Ален имаше 4 гола, Гашовски Давид и Карапалевски Мартин погодија по 3 пати, додека Крстевски Стефан и Јанковски Славе прецизни беа по 2 пати.